Вкупно шест бегалци во изминатите 48 часа биле хоспитализирани на некое од одделенија во кумановската болница поради компликации со нивната здравствена состојба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Вчера две лица државјани на Авганистан биле пренесени во Општата болница – Куманово, од кои едниот на Одделението за хирургија, каде му биле направени потребните прегледи и дадена соодветна терапија, по што со придржуба на полициски службеници бил вратен назад на Табановце Другиот Авганистанец завршил на Интерното одделение каде бил прегледан и добил соодветен третман, по што екипа на Црвениот крст го вратила назад на Табанвоце.
Четворица бегалци помош побарале на 3-ти февруари, кога Авганистанец роден 1998 година со дијагноза камен на бубрегот, откако се жалел на силни болки. Државјанин на Сирија роден 1986 година добил ампуларна терапија бидејќи имал дијагностицирано опстуктивен хидроцефалус. Авганистанец бил транспортиран на Интерното одделение поради засега непознати причини, а ампуларна терапија добил и државјанин на Иран со дијагноза треска од непознато потекло.
Вчера во Транзитниот центар Табановце имало вкупно 871 лица од кои Авганистан 591 лица, од Сирија 280, Овие податоци се добиени од преставникот на РЦУК Куманово во ТПЦ Табановце – Арбнор Тефику, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.