Шефот на кинеската дипломатија разрешен поради вонбрачна афера

Сподели со своите пријатели

Поранешниот кинески министер за надворешни работи, Чин Ганг, кој беше сменет во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во САД, објави во вторникот Волстрит журнал, цитирајќи луѓе запознаени со аферата.

Loading...

Во извештајот се вели дека Чин соработува со истрагата, која сега се фокусира на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозува националната безбедност на Кина.

На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија открила дека Чин бил вмешан во аферата за време на неговиот мандат како кинески амбасадор во САД, се вели во извештајот.

Два извори за весникот изјавиле дека аферата резултирала со раѓање на дете во САД.

Во јули, Чин беше наследен на функцијата министер за надворешни работи од страна на ветеранот дипломат Ванг Ји по мистериозното едномесечно отсуство од функцијата што траеше едвај половина година.

Тој беше главен кинески дипломат во Вашингтон од јули 2021 година до јануари оваа година.

WSJ известува дека кинеското Министерство за надворешни работи и Канцеларијата за информации на Државниот совет не одговориле на прашања, пренесува Ројтерс.