Северна Кореја истрела балистичка ракета за прв пат по 2 месеци

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето источно од Корејскиот полуостров, објави началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Loading...

Ова е лансирање на балистичка ракета што се случи за време на посетата на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во Јужна Кореја каде присуствува на демократскиот самит на претседателот на таа земја, Џун Сук Јеол, пренесува Ројтерс.

Јапонската крајбрежна стража исто така објави дека биле лансирани три објекти слични на балистички проектили, два во исто време, а следниот околу 37 минути подоцна.

Премиерот Фумио Кишида на парламентарна седница изјави дека севернокорејски проектили паднале во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, сите надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, и дека не е забележана штета и нема повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН подготвуваат глобален договор за употреба на пластика

Американскиот Стејт департмент го осуди лансирањето, велејќи дека тие претставуваат закана за соседите на Северна Кореја и ја поткопуваат регионалната безбедност.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека посветеноста на САД за одбрана на Јужна Кореја и Јапонија останува „железна“, пренесува АП.