Северна Кореја испали ракета водена од вештачка интелигенција, Ким го надгледуваше лансирањето

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја тестираше новоразвиен, повеќенаменски систем за лансирање лесни ракети и повеќе тактички крстосувачки ракети под надзор на владетелот Ким Џонг Ун, објавија државните медиуми во среда.

Тестовите беа спроведени во вторник, објави државната новинска агенција КЦНА.

 

 

Јужнокорејската војска соопшти во вторник дека Пјонгјанг испалил неколку балистички ракети со краток дострел, помалку од 300 километри, и артилериски ракети од областа околу северозападниот град Џонџу.

Лансирањата во вторник беа „дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили со цел да се постигне петгодишната цел за развој на националната одбрана“, според КЦНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Резервоар со 300.000 литри течност експлодираше во фабрика во САД, има жртви

 

 

„Тестовите ја анализираа и оценија силата на боевата глава на тактичка балистичка ракета со специјална намена, сигурноста на артилериска ракета со продолжен дострел што користи високо прецизен автономен навигациски систем и точноста на ударот на тактичка крстосувачка ракета водена од вештачка интелигенција“, додаде агенцијата.

 

 

Ким наводно ги пофали тестовите, велејќи дека тие се показатели за технички напредок во зајакнувањето на борбената моќ на Северна Кореја.

Ова беше осмиот тест на балистичка ракета на Пјонгјанг оваа година.

Северна Кореја последен пат испали неколку ракети со краток дострел на 19 април.