Село во Германија во кое има 15 куќи, се зборува на два јазици, а имаат и посебни градоначалници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мудларојт е село во Германија, на границата помеѓу Баварија и Турингија. Иако има само 15 домаќинства, селото е поделено на два дела и секој дел има свој градоначалник, посебни повикувачки броеви, па дури се разликуваат и по говорот, пишува Дејли Мејл.

Поради ова дрво едно село во Црна Гора стана светски феномен (ВИДЕО)

Loading...

Ова мало место се формирало по 1810. година и границата имала мало значење се до крајот на Втората светска војна, кога тогашниот источен дел го окупирале Советите, а баварскиот Американците.

Село во кое четири години никој не пие алкохол, во продавниците има само два пијалоци (видео)

По поделбата пдоигнат е ѕид, со стражари, митралези и мини, а Мудларојт е наречен „Мал Берлин“. Иако денес останати се само мал дел од тие ѕидини, заедницата и натаму е поделена.

Во селото постојат само 15 донаќинства, но постојат два различни поштенски и повикувачки броеви и двајца градоначалници. Ако сакаат да го повикаат соседот преку лица, плаќаат за повик во далечина, додека децата присуствуваат на различни настави во зависност во кој дел од државата живеат.

Во најстуденото село во светот луѓето живеат на 60 степени под нулата (фото+видео)

Меѓутоа, најголемата разлика помеѓу мештаните од истото село е во поздравот кој го користат. Во Баварскиот дел се користи поздравот „Grüss Gott“, додека од другата страна на селото се користи традициналниот германски поздрав „Guten Tag“ со турингиски акцент.

На прашањето дали мештаните би се обединиле, тие одговараат едногласно и одлучно „не“. Иако се одлучни во оваа намера, во локалниот музеј велат дека постојат знаци дека селото се поврзува.

– Поделбата во селото и натаму постои, но се повеќе знаци покажуваат дека двете страни се поврзуваат. Сите настани во текот на годината мештаните ги слават во заеднички центар кој се наоѓа на страна на Турингија, истакнува, Инголф Херман, работник во музејот.

Село во кое сите мештани се професионалци во кунг-фу (видео)

Советите првин го окупирале цел Мудларојт и воспоставиле штаб на баварска страна кој е поврзан со тврдината на Сталин, за да се до 1952. година се повлечат на источната страна и го затворат преминот. Пет години откако е подгинат Берлинскиот ѕид, поделено е и оваа село, но животот се разликувал од оној во Берлин.

https://youtu.be/1SujBMIJvfg

Loading...

– Берлин е голем град и луѓето не се познавале, додека во селото е поинаку. Сите повеќе или помалку се познаваат, некои се роднини, па така ѕидот ги разделувал браќата, вели Џејсон Џонсон од Тринити универзитетот во Сан Антонио.

Прва во селото облекла панталони и седнала зад воланот: И денесвози на 83. години (ВИДЕО)

Оваа поделба влијаела и на животните, па така бикот Петар бил раздвоен од своите девојки. Тој бил на западната страна и му било забрането да ги посетува источните девојки, пишува Дејли мејл, затоа што се плашеле дека таму ќе го задржат.

Мудларојт во 1983. година го посетил и поранешниот американски претседател Џорџ Буш, кога бил потпретседател на Роналд Реган и се обратил на мештаните од западниот дел. Им рекол „Јас сум Мудларојтанин“ и рекол дека ѕидот тука е поголем срам отколку во Берлин.

Во оваа село луѓето зборуваат на „птичји јазик“ (видео)

По рушењето на Берлинскиот ѕид на 9. ноември 1989, животот во малото село станал поопуштен. Од 9. декември можеле слободно да минуваат. Во селото денес постои дел од ѕидот и стражарски кули, кои служат како музеј на отворено, но границата не е целосно избришана.

Leave a Reply