Кравата Дунавка на сточарот Милисав Нешковиќ (88) од Горњи Милановац отели пет здрави телиња.
Loading...
Нешковиќ вели дека кравата се отелила месец дена пред терминот, а на свет донела две машки и три женски телиња.
Овој сточар целиот живот се знаимава со оваа дејност, а и пред Дунавка во неговата штала се родиле два пара близнаци, но сепак петорките за него биле пријатно изненадување.
Инаку тој и неговата сопруга веќе имаат четири крави, па така во подигањето на новите телиња ќе им помогне целото соседство кое им се радува на новите членови на селото.
Ветеринарите велат дека вакви работи многу ретко се случуваат и дека слободно може да се наречат феномен.