Секој важен сон ги има овие три карактеристики

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се разбудиле со чувство дека она што сте го „виделе“ додека сте спиеле било многу важно, дека во сонот сте примиле некоја порака на која би требало да обврнете внимание?

Ако е така, не сте единствени. Всушност, толкувањето на соништата било едно од омилеите хобија во минатото, а така и сега. Старите Грци и Египќани ги проценувале соновите според она што тие можее да го откријат за секојдневниот живот на лицето кое сонувало, дури и за неговата иднина.

Додека спиете, се спушта бариера која го оделува свесното и подсвесното. Токму порати тоа разни слики можат да ви „шетаат“ низ сонот. Некои од тие слики потекнуваат од медиумите, некои од вашите дневни активности, некои претставуваат сеќавања, а некои можат да бидат испровоцирани со пица и колачи кои сте ги јаделе пред спиење.

Изберете сами што ќе сонувате

Loading...

За сите кои велите: „Ама јас не сонувам“, кратка порака – тоа не е вистина. Секој од нас сонува, се работи за тоа што не се будиме секогаш во најпогоден момент за меморирање на сонот.

Значи, како можете да знаете кои соништа ви се важни, а кои резултат на лошо варење? Општо кажано, секој важен сон има три карактеристики.

1. Тоа е многу жив и силен сон се до моментот додека не сфатите дека само сте сонувале, т.е. додека не се разбудите.

2. Можете да имате потешкотии да се слободите на јаве – сликите ви се враќаат целиот следен ден.

3. Ако ги бележите соништата, пвоторното читање може да предизвика неочекувана реакција – емоции или дури физички пречки.

Кога ќе сонувате таков сон, вашиот следен чекор е да утврдите што може тој да значи. Понекогаш соништата се многу очигледно, затоа што се одраз на она што се случува во вашиот живот. За таквите соништа навистина не треба да барате посебно толкување. Но, кога значењето е помалку очигледно, обидете се да го откриете на следниот начин:

Запишете го сонот непосредно по будењето и тоа со што повеќе детали. По неколку часа прочитајте што сте запишале. Откријте го заедничкиот симбол во сонот: ако сонувате коњ, дете кое трча и воз кој јури, зеадничкиот симбол е брзина.

ВЕРУВАЊА: Ако сонувате една од овие пет работи значи дека ќе ја запознаете сродната душа

Побарајте ги симболите кои се повторуваат во сонот, тоа може да биде боја, број, амблем…

Утврдете го образецот, циклусите, како и развојот на токот на сонот, особено оние соништа кои изгледаат како одраз на реалниот живот.

Понекогаш сонот може да оптеретува, особено ако се повторува и ако е полн со испреплетени настани и слики. Долку таквиот сон ве грижи, можете да побарате и психолошко толкување, а стручно лице ќе ви помогне да го разберете сонот и да научите како треба да се однесувате кон таквите соништа.

Не заборавајте, значењето на соништата е многу субјкетивно. Она што вам ви значи сонот и она што тој сон би значел на некоја друга личност не може да биде исто. На крајот на краиштата, најважно е она што вам ви претставува тој сон – секогаш верувајте на својот инстикт.

Leave a Reply