Вчера попладне околу 13:40 во селото матејче при сообраќајна незгода седумгодишно девојче од Матејче се здобило со тешки телесни повреди на Урегнтен центар – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено вчера се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Липково – Скопје, во која учествувале дваесет и тригодишниот Е.С. од село Матејче кој управувал со патничко моторно возило марка „Голф“ со кумановски регистарски таблички. Истиот уидрил во паркиран „Форд“ исто така со кумановски регистарски ознаки, а потоа возилото удрило во седумгодишно девојче од селото Матејче.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди во пределот на глава, а поради сериозноста на повредите по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, како итен случај префрлено е во Ургентен центар Скопје.
На лице место увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи од Куманово и се работи на расветлување на случајот