Кровната конструкција на старите објекти во некогашната касарна во Бедиње била опожарена вчера, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарот избувнал нешто по 9 часот изутрина, а веќе во 09:20 на терен биле шестмина пожарникари со три противпожарни возила.
Огнот бил изгаснат во 11:34 часот, но засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.
Кумановските пожарникари вчера имале уште три интервенции.
Во селата Табановце и Косматац горела сува трева, при што интервенирале по тројца пожарникари, кои ги изгаснале пламените јазици.
Во атарот на селото Доброшане се запалил оџак. Во период од 19:50 до 23:00 часот, интервенирале двајца пожарникари со две противпожарни возила.
Никола Ивановски