Се запали камион чистејќи снег во Куманово

Сподели со своите пријатели

Камион марка „МАН“, сопственост на кумановска компанија, вчера се запалил чистејќи снег на улицата „11 Октомври“.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тешкото товарно возило асистирало на ЈП „Македонија пат“ во расчистување на улиците, но околу 14:55 часот се запалило на улицата „11 Октомври“ во Куманово.

Веднаш на терен излегле четворица пожарнокари со едно противпожарно возило и успеале да го локализираат огнот дури по еден час.

Причините за избувнување на пожарот остануваат непознати.

Leave a Reply