Се урна авион во Колумбија: 10 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 лица загинаа во несреќа на мал авион во северозападна Колумбија, објавија властите.

Loading...

Авионот, сопственост на компанијата „Пацифика Травел“, бил пријавен за исчезнат во средата за време на летот од градот Хурадо до Меделин, а се урнал во руралното подрачје Урао, општина во северозападната колумбиска провинција Антиокија, локална објавија медиумите.

Во авионот имало двајца членови на екипажот и осум патници.

„За жал, нема преживеани. На местото на настанот има 37 спасувачи, а во тек е втората фаза, која вклучува отстранување на телата и координација со судската полиција“, изјави Карлос Риос Пуерта, директор на Одделот за управување со ризици во Антиокија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку пари има просечен Германец на своја сметка?

Неповолните временски услови го отежнуваат процесот на собирање на остатоците од авионот, бидејќи тоа треба да се направи од земја, без помош на хеликоптер.

„Се обидуваме да го направиме овој процес што е можно побрз и ефикасен“, додаде Риос Пуерта.

Компанијата „Пацифика травел“ се огласи со соопштение во кое се обврзува да обезбеди поддршка на семејствата на настраданите.

Министерството за транспорт и цивилно воздухопловство изрази сочувство до семејствата на жртвите, кои се собраа на аеродромот во Меделин.

Loading...

Цивилната авијација покрена истрага за да се утврдат причините за падот на авионот.