Се уредуваат патеките во Соколански парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна уредувањето на патеките во Соколанскиот парк во Куманово, соопштија денеска надлежните. Механизацијата на избраната градежна компанија е на терен.

Loading...

 

 

– Во тек е реконструкција на патеките во Соколанскиот парк. Следува поставување на нова камен-тепих подлога, изградба на фонтана, нови канделабри, нови клупи и нови корпи за отпадоци, како и изградба на нови спортско-рекреативни содржини и игралишта. Се работи и на првата фаза од реконструкција на објектот Соколана, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејна куќа изгоре во селото Младо Нагоричане

 

 

Неодамна почна реконструкција на дел од Соколана од Куманово. Како што појаснија надлежните во моментов се заштитува статиката и се менува покривот.

– Средствата се околу осум милиони денари. Реконструкцијата ќе се спроведува во три фази. Со втората фаза е предвидено менување на столарија и изработка на фасада. Третата е предвидена за внатрешно уредување на објектот, изјави претходно Димитриевски.

 

Loading...

 

Распишана е и постапка за партерно уредување на уште едно игралиште во комплексот.

 

 

 

МИА

Loading...