Се разбуди вулкан на Галапагос, евакуирани над 250 луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Властите на Еквадор наредија евакуација за околу 250 жители на еден остров во архипелагот Галапагос поради ерупција на вукланот Сиера Негра.

„Див се буди“ напиша министерот за околина Тарсисио Хали додавајќи дека еквадорските власти внимателно ја следат сеизмичката и геолошка активност во областа на овој вулкан.

https://twitter.com/tgranizo/status/1011712448930504704

Loading...

Вулканот, чиј кратер има радиус од 9 километри, се наоѓа на островот Изабела, најголемиот во архипелагот, кој има вулканско потекло. Последен пат бил активен во 2005. година.

Властите наредиле евакуација поради опасност врз населението, а сите туристички активности се стопирани.

Еден друг вулкан на Галапагос, одалечен само 60 километри по воздушна линија од вулканот Сиера Негра, последен пат беше активен пред две недели. Тогаш се регистрирани и неколку земјотреси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Среќник на американската лотарија освои вртоглави 1,13 милијарди долари

Leave a Reply