Се преврте автобус кај Ранковце, пет лица тешко повредени

Сподели со своите пријатели

Пет лица со тешки телесни повреди и 21 лице со полесни повреди е билансот од вчерашната сообраќајна несреќа која околу 22 часот се случила на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковцце кога се превртел автобус со бугарски патници.

Бугарскиот автобус, од засега непознати причини се превртел во близина на селото Опила, а повредените лица се надвор од животна опасност и се пренесени на Ургентен центар во Крива Паланка, каде им е укажана лекарска помош

До сообраќајната несреќа дошло кога Л.И (47) од Република Бугарија, управувајќи автобус со бугарски регистарски таблички, движејќи се по магистралниот пат, дошол до местото во селото Опила, Општина Ранковце, каде изгубил контрола над автобусот и излетал од десната страна надвор од коловозот, по што удрил во дрво и се превртел на десната бочна страна.

Екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово извршила увид на местото на несреќата, по што ќе се утврдуваат точните причини за несреќата.

 

Loading...