Се поставува ново осветлување во Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спортската сала во Куманово добива ново осветлување како дел од проектот за целосна реконструкција на објектот, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Како што изјави тој неодамна се работи на партерното уредување и трибините, додека подот веќе е завршен.

 

 

Во следниот период, како што рече Димитриевски, ќе следува замена на санитариите, одводот, водоводот, лепење плочки и партерно уредување од надвор.

– Проблемите што ги имавме со кровната конструкција веќе се решени и се работи на осветлување и комплетна замена на електриката во спортската сала. Јас очекувам дека сите градежни работи ќе бидат завршени до претстојниот празник на градот и за „11 Ноември’ ќе имаме можност да ја пуштиме повторно во употреба спортската сала, изјави градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

 

Loading...

 

Според техничката документација целиот проект требало да чини 6,5 милиони евра, но работите се завршени за многу помалку пари, појаснува тој.

– Согласно проектната документација целата реконструкција според проектот направен пред четири години изнесува 6,5 милиони евра. Се надевам дека освен позицијата греење и ладење ние успеавме со квалитетен избор на изведувачи по пат на јавни набавки нема да потрошиме ниту 2 милиони евра и потоа ќе бараме само да биде решено греењето и ладењето, појасни Димитриевски.

 

 

Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од околу четири илјади седишта.

Loading...

Никола Ивановски