Соколанскиот парк добива нова урбана опрема од денеска, најави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Масивните клупи со бетонска подлога какви што претходно беа поставени на градскиот кеј и во градскиот парк, сега ќе можат да ги користат и граѓаните кои спас од горештините бараат во паркот во Соколана.

Освен клупите, според претходните најави на градоначалникот, паркот треба да добие и нови корпи за отпадоци, канделабри и рабници.

Во комбинација со новите патеки и фонтаната која беше пуштена во април, паркот добива целосно нов лик.

Претходно беше реконструирано и игралиштето за кошарка, а паралелно се реконструира и внатрешноста на спортскиот комплекс Соколана.

Никола Ивановски

