Се откажал од 37 милиони евра добиени на лото за да ги даде во хуманитарни цели

Сподели со своите пријатели

Кога на ручек дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски долари, што е околу 37 милиони евра, воопшто не се возбудил.

Loading...

Добитникот на лото, Том Крист, се откажа од добивката од 40 милиони долари од канадска лотарија, објави списанието Fenix.

За CBC News, тој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада изјави:

„Имав среќа да работам во компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.

Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Носат ли црните мачки навистина несреќа? (ВИДЕО)

Сепак, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски MSN.com.

Неколку месеци пред да добие пари на лотарија, Том Крист доживеа тежок судбински удар, неговата сопруга починала од рак на белите дробови.

Ова, појасни, е и причината поради која големите добивки на лотаријата ги донирал на добротворно здружение кое се грижи за деца на кои им е потребен посебен третман од рак, пренесува Н1.

Loading...