Се обидела да излезе преку Табановце со возило кое било украдено во Србија

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишна жена од Гостивар била приведена ноќва на Табановце, откако се обидела да премине со возило украдено во Србија.

Loading...

– Денеска (18.02.2025) во 03.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што пјаснуваат од полицијата, таа била задржана во Полициската станица Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, осомничени дека претепале сограѓанин

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски