Инспекторите се сомневаат дека пожарот во Итон, округот Лос Анџелес, можеби започнал на далновод и ја истражуваат можноста, објави Лос Анџелес Тајмс.
Весникот наведува дека областа околу далноводот е оградена и пристапот е дозволен само на истражителите.
Компанијата „Едисон“ во неделата соопшти дека проверката на електричните кола и електричните водови во областа Итон покажала дека е малку веројатно електричната опрема да го предизвикала пожарот, објави Си-Ен-Ен.
Бројот на загинати во пожарите во областа на Лос Анџелес се искачи на 24, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Г. Луна, рече дека неговата канцеларија примила „десетици и десетици“ пријави за исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.
Претходно беше соопштено дека во пожарите загинале најмалку 16 лица.
Повеќе од 12.000 објекти беа уништени во пожарите само во Итон и населбата Палисадес.
Пожарникарите во неделата постигнаа напредок во гаснењето на пожарите, помогнати од слабеењето на ветровите, така што пожарите во Лидија, Кенет и Сансет беа изгаснати.
Сепак, ветровите повторно зајакнаа во неделата навечер и се очекува да останат силни и во следните неколку дена.
Во Палисадес 13 отсто од пожарот е локализиран, а во Итон 27 отсто, додека во Херст 89 отсто од пожарот е локализиран.