Дамјан Манчеевски, потпретседателот на СДСМ, денеска одржа теренска прес конференција на која ги истакна, како што наведува тој новите криминални дејствија на активната власт. Од СДСМ велат дека Груевски не може да избегне одговорност за криминалот со парцелите на Водно.
Loading...
Како што истакна Манчевски, врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно.
Со овој случај ќе се занимава и Специјалниот јавен обвинител, додаде потпредседателот на СДСМ.