СДСМ: Започнува голем натпартиски граѓански протест на 17. мај (видео)

Сподели со своите пријатели

На 17-ти мај, недела, во 14:00 часот, во главниот град на Македонија, започнува голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, изјави вчера Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

Loading...

Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите кои и мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест. Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот кој ја уништи сегашноста и ја загрозува иднината на нашата татковина, дека мора да си замине.

Заедно да излеземе на голем мирен протест против мрачните сценарија и обиди за дестабилизација на Македонија.  Обединети против насилството и криминалот на нелегитимната власт на Никола Груевски и неговите соработници. Здружени за враќање на европските вредности и мирот во Македонија.

Готово е Груевски. Македонија крена глава. Во недела, во Скопје, почнува враќањето на слободата и демократијата, изјави Спасовски.

Leave a Reply