СДСМ: Специјалец го убил Мартин Нешковски, Груевски знаел и го криел (видео)

Сподели со своите пријатели

На неполн месец од четиригодишнината од смртта на Мартин Нешковски, момче кое трагично загина на прослава од победата на ВМРО ДПМНЕ по изборите во 2011, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес од партиските простории во Скопје емитуваше нова, 29 ”бомба”, на која беа презентирани прислушкувани разговори за наводно прикривање на деталите за смртта на Нешковски.

Loading...

Според Заев, смртта на младото момче, освен огромна тага и болка во неговото семејство, револт за полициската бруталност и заташкувањето на случајот отвори прашања коишто до денеска не се затворени.

– Зошто МВР со денови молчеше и го прикриваше убиството? Зошто одговорноста за убиството се сведе индивидуално, само на еден човек? Зошто никој не понесе командна или политичка одговорност за згаснувањето на млад човечки живот, праша Заев.

Денеска јавноста ќе дознае се….

– Од аудио доказите што ќе ги објавиме ќе се слушне признание од Сашо Мијалков дека убиството на Мартин Нешковски го извршил полицаецот Игор Спасов додека бил на должност, а не физичкото лице И.С.  Ќе се дознае дека за да избегне политичка и друга одговорност власта на Никола Груевски смислила и спровела план, зад превезот на барањето за индивидуална кривична одговорност на сторителот, да се прикрие инволвираноста и одговорноста во МВР. Затоа што се работи за полицаец кој делувал за време на службена должност, изјави на денешниот прес, лидерот на СДСМ.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *