18.04.2015 15:51

СДСМ од Штип објави 27 нови разговори (видео)

Facebook Twitter Google+

Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Штип се вклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија, изјави на денешниот прес, Владимир Милошев, претседател на ОО на СДСМ Штип.

– Денеска ќе објавиме нови докази за упадот во автономијата на Универзитетот Гоце Делчев и негова злоупотреба за партиските и личните интереси на поединци во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе слушнеме како и во Штип, фирмите и бизнисмените кои не сакаат да одработуваат за власта се уценувани и ставени под силен притисок. Јавноста ќе слушне какво е мислењето за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Штип а ќе се дознае и вистината за односите помеѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Милошев.

loading...

 

СДСМ на денешниот прес од Штип објави вкупно 27 разговори. За напладне е предвиден марш низ улиците на градот и обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments