Саудиските власти заплениле 46 милиони таблети амфетамин

Сподели со своите пријатели

Властите во Саудиска Арабија соопштија дека заплениле 46 милиони таблети амфетамин кои биле шверцувани во пратка брашно, што е рекорд за кралството.

Loading...

Безбедносните сили ја следеле пратката додека пристигнувала во Ријад и била префрлена во магацин, соопшти Генералниот директорат за контрола на наркотици.

Шест Сиријци и двајца Пакистанци беа уапсени во рацијата во магацин.

Иако Управата за наркотици не прецизираше дека се работи за амфетамин, познато е дека Саудиска Арабија е најголемиот пазар за синтетичка дрога каптагон, базирана на амфетамин.

Каптагон, обично мешавина од амфетамин, кофеин и разни други супстанции, се вели дека е една од најпопуларните дроги меѓу богатите млади луѓе во Заливот.

Написот на Форин полиси од 2021 година ги цитира истражувачите кои велат дека „досадата и социјалните ограничувања“, како и лесната достапност, ја поттикнуваат употребата на каптагонот во Саудиска Арабија.

Дрогата често ја консумирале борците во сириската граѓанска војна, кои велат дека им го олеснува стравот од војна и смрт.

Глобалната трговија со каптагон рапидно расте и минатата година прометот беше околу 5,7 милијарди долари, потсетува Би-би-си.

Loading...