Саудијците заработија енормно од нафтата

Сподели со своите пријатели

Енергетскиот гигант Сауди Арамко забележа втора најголема нето добивка откако компанија котира на берзата, благодарение на растот на цените на нафтата и гасот, иако нејзиниот бизнис со рафинирани горива и хемикалии страда од глобалното економско забавување.

Loading...

Нето добивката на Aramco во третиот квартал изнесува 42,4 милијарди долари, што е нешто помалку од рекордната заработка од 48 милијарди долари во претходниот квартал, но е за околу 40 отсто поголема отколку во истиот период во 2021 година, пишува Bloomberg.

Компанијата контролирана од државата ја задржа дивидендата, инаку најголемата во светот, непроменета на 18,8 милијарди долари за третиот квартал, и покрај тоа што забележа рекорден слободен готовински тек од 45 милијарди долари, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Коефициентот на задолженост на Aramco, мерка за нето долг кон капиталот, стана негативен за прв пат од почетокот на 2020 година, нагласувајќи го силното подобрување на деловните услови по пандемијата на коронавирус.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.