Саше Политико ќе мора да плати 300 евра глоба за тепачката со новинарот на СИТЕЛ

Сподели со своите пријатели

По инцидентот во кој новинарот Сашо Ивановски – Политико неодамна беше физички нападнат од страна на новинар од СИТЕЛ пред резиденцијата на ЕУ во Пржино, вчеранавечер во полициска станица во Кисела вода,  Ивановски бил повикан на разговор каде му било соопштено дека неговиот предмет ќе заврши со прекршочна постапка поради нарушување на ЈРМ, при што следи глоба од 300 евра.

Loading...

Во изјавата дадена за порталот Либертас, Ивановски тврди дека во тепачката, покрај тоа што бил натепан, сега мора и да плати глоба, откако новинарот на СИТЕЛ однел петмина сведоци кои сведочеле во негова корист.

– Замислете, ем бев натепан, се виде од снимката, и сега да платам уште и казна. Инспекторот ми рече дека новинарот на Сител однел петмина сведоци од инцидентот пред резиденцијата на амбасадорот Орав, вели Ивановски.

Како што му кажал инспекторот, тие тврделе дека за да го натепа, новинарот на СИТЕЛ бил претходно провоциран и пцуен од Саше и затоа физички насрнал на него.

– Се` е тоа ноторна лага. Ако сака полицијата, може да земе снимки од безбедносните камери на резиденцијата, и ќе се види дека единствено што изустив беше „здраво Сител“, во јавувањето во живо на вестите на Сител. Дојдоа тројца колеги новинари уште утредента во полициска станица и дадоа изјава дека Сарма без причина ме натепа. Ако е за утеха, како што го разбрав инспекторот, иста парична казна ќе добиел и Сарма. Јас и мојот адвокат ќе поднесеме тужба против новинарот на Сител и ќе барам отштета за претрпен стрес и болка, вели Политико.

Инцидентот во кој Александар Спасовски – Сарма го нападна Саше Ивановски – Политико се случи ноќта еден час пред да биде потпишан договорот во Пржино меѓу власта и опозицијата.