Шеесет и двегодишниот Љ.М. е лицето кое рано утринава во центарот на Куманово си го одзеде животот скокајќи од зграда лоцинара на улицата „Димитрија Туцковиќ“.
Loading...
Случајот околу 8:20 часот во кумановската полиција го пријавели граѓаните кои го забележале телото на плочникот на првиот кат од зградата.
Кога отидовме на терен увидот беше завршен, а на местото останаа траги од полициската лента, како и обувките на лицето кое изврши самоубиство.
Loading...
Медицински ракавици прекриени во крв исто така останаа на местото на кое бил пронајдено лицето, најверојатно заборавени по извршениот увид.
Трагите од крв иако покриени со песок се уште беа видливи.