Велика Британија не ги покани претставниците на Русија, Белорусија и Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора следниот понеделник, изјави денеска извор од Вајтхол.
Loading...
На погребот на кралицата ќе присуствуваат околу 500 достоинственици од целиот свет, објави Би-Би-Си.
За повеќето земји, поканата се однесува на шефот на државата плус еден гостин.
Иран ќе биде претставен на амбасадорско ниво, објави новинската агенција ПА.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.