Младиот инфлуенсер ѝ стана познат на пошироката јавност кон средината на 2021 година, откако призна дека потрошил 35.000 евра на пластични операции.
Ливај Џед Марфи ја имал првата интервенција на 19 години и оттогаш не се вртил назад, а крајната цел е да изгледа како популарен филтер на Инстаграм.
View this post on Instagram
Звучи неверојатно, но на еден млад човек од Манчестер толку многу му се допаднал филтерот кој покажува како би се снашле по пластичните операции што решил да изгледа исто така!
Потрошил илјадници евра за операција на носот, за подигнување на усните, слепоочниците и очите, потоа за исправување на забите и разни филтри за образите, брадата, вилицата…
View this post on Instagram
„Сакам да го привлекувам вниманието на луѓето. Го пренесував моето закрепнување на социјалните мрежи за да го свртам вниманието кон себе“, рече Ливај.
Тој истакнува дека би живеел среќно и со „стар лик“, но дека сака да експериментира.
View this post on Instagram
„Тоа не е голема работа за мене. Тоа е како промена на гардеробата, но секако малку поекстремно и поболно“.
Претходно тој откри дека ја избрал Турција како место каде ќе прави „пластична операција“, најмногу поради цените, пренесува The Sun.
View this post on Instagram
Признава дека е „бомбардиран“ со навредливи коментари, но дека не обрнува внимание.
„Секако дека нема сите да реагираат позитивно на мојот изглед, но јас сум навикнат на тоа. Ништо не земам при срце. Мајка ми и дечко ми ме поддржуваат во се што правам, тоа е најважно“.
View this post on Instagram
Ливај додава дека има многу кои го поддржуваат и го гледаат како инспирација.