САД: Загрижени сме поради иранските закани за Саудиска Арабија

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави се загрижени поради заканите на Иран кон Саудиска Арабија и нема да се двоумат да одговорат доколку е потребно, објави Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Загрижени сме поради заканата и остануваме во постојан контакт преку воени и разузнавачки канали со Саудијците“, соопшти Советот за национална безбедност.

Тие нагласуваат, „нема да се двоумиме да дејствуваме во одбрана на нашите интереси и партнери во регионот“.

Тоа беше објавено откако Волстрит журнал објави дека Саудиска Арабија споделила разузнавачки информации со САД, предупредувајќи на неизбежен напад од Иран врз цели во кралството.

САД рекоа дека Иран ѝ доставил на Русија дронови за употреба во нејзината војна против Украина, што го натера Вашингтон да ги остави настрана напорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор.

Потсетуваме дека овој договор беше напуштен во 2018 година од тогашниот претседател Доналд Трамп.

Актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, разговараше со Саудиска Арабија во последните неколку недели, откако организацијата ОПЕК + предводена од Саудиска Арабија одлучи да го намали производството на нафта. Тој чекор предизвика стравувања од скок на цената на бензинот во САД.