Министерството за финансии на САД воведе санкции против осум државјани на Белорусија.
Како што соопшти синоќа американскиот државен орган, на списокот санкции се ставени Хазалбек Атабеков, началник на воените сили на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, министерот за внатрешни работи Јуриј Караев и неговиот заменик Јуриј Назаранеко, како и Димитриј Балаба, командант на специјалните сили ОМОН, Александар Барсуков, заменик министер во МВР, Елена Дмухајло, секретар на Централната изборна комисија и уште едно лице.
Вчера, санкции против Белорисја воведе и ЕУ, а претходно тоа го сторија и Канада и Велика Британија.
На тој список се најдоа министерот Караев и четири негови заменици, како и уште 15 вработени во белоруското МВР.
Според ЕУ, тие се најодговорни за репресиите по претседателските избори, за приведувањата и жестоко обраќање со мирни демонстранти. На списокот се и четворица вработени во КГБ на Белорусија.
Борис Камчев, САД