САД сакаат да откријат кој го уби претседателот на Еквадор: Нудат милиони за информација!

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави нудат пет милиони долари за информации кои би довеле до апсење на одговорните за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Loading...

„САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Еквадор и да работат на изведување пред лицето на правдата кои се обидуваат да ги поткопаат демократските процеси“, рече Блинкен, пренесе Ројтерс.

Вилависенсио, поранешен пратеник и новинар за борба против корупцијата, беше убиен во Кито на 9 август, помалку од две недели пред претседателските избори.

Еквадорската полиција уапси шестмина осомничени, за кои велат дека се Колумбијци кои припаѓаат на криминални групи.