САД: Невремето во Калифорнија слабее, стравот од поплави сѐ уште постои

Сподели со своите пријатели

Бурите во Калифорнија се намалуваат, но со обилни снежни врнежи и постојан замрзнат дожд, постои загриженост за пролетните поплави откако снегот ќе почне да се топи.

Loading...

Во Калифорнија дожд и снег повторно почнаа да паѓаат во понеделникот, иако метеоролозите најавија крај на периодот на бури кој започна околу Божиќ, пренесува Wall Street Journal.

Во девет последователни бури познати како атмосферски реки, т.е. колони кондензирана водена пареа во атмосферата кои произведуваат значителни врнежи, досега загинаа најмалку 19 лица, поплавени се бројни населби, затворени автопатишта, а во десетици илјади домаќинства е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Невремето придружено со прекини во инфраструктурата и материјална штета беше поинтензивно во северните и централните делови на Калифорнија.

Синоптичарите издадоа предупредување до жителите на загрозените подрачја да бидат внимателни, бидејќи комбинацијата од натопена почва и ново невреме придружено со врнежи може да предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за зимско невреме кое е во сила до денеска рано наутро по локално време за Сиера Невада, планински венец што се протега долж источната граница на Калифорнија.

Новите врнежи од снег и налетите на ветровите до 97 километри на час би го отежнале или потполно невозможно патувањето, велат метеоролозите и предвидуваат пристигнување на нов, но помал и побрз систем на бура, кој треба да помине најдоцна во четврток рано наутро.

После тоа, синоптичарите повикуваат на суво време низ Калифорнија барем за претстојниот викенд, а можеби и следната недела, рече Колби Готли, метеоролог од Националната метеоролошка служба.

Loading...