САД и Јапонија постигнаа договор за соработка во областа на одбраната

Сподели со своите пријатели

САД и Јапонија се договорија за одбранбен договор поради зголемената загриженост за Кина и тензиите околу Тајван и Северна Кореја, соопшти Вашингтон доцна синоќа.

Loading...

„Се согласуваме дека Кина го претставува најважниот стратешки предизвик за двете земји“, рече шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен по средбата во Вашингтон со неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши и одделната средба на министрите за одбрана на две земји.

Блинкен рече дека САД го поздравуваат новиот став на Јапонија во областа на одбраната и додаде дека билатералниот договор за безбедност и одбрана се однесува и на соработката во вселената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави распоредување на американските сили за брз одговор на јапонскиот остров Окинава до 2025 година за да ја зајакне одбраната на Јапонија, која е загрижена поради зголемените кинески активности во регионот.

Остин рече дека силите „ќе придонесат за подобрување на одбраната на Јапонија и промовирање на слободен и отворен индо-пацифички регион“.

Тие министерски средби доаѓаат пред средбата меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фуми Кишида, која беше најавена за петок.