САД: Доживотен затвор за убиецот од Паркленд

Сподели со своите пријатели

Николас Круз, кому му се судеше за убиство на 17 лица во средно училиште во американскиот град Паркленд во 2018 година, беше осуден на доживотен затвор, без можност за условно ослободување.

Loading...

Таа пресуда беше донесена во четвртокот, бидејќи 12 членови на поротата не едногласно одлучија Круз да биде погубен за злосторството што го направил, јавува Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка (ВоА).

Со ова заврши тримесечното судење, кое се состоеше од изнесување аргументи и сослушување сведоци.

Обвинителството побара смртна казна, додека одбраната се залагаше за единствената преостаната можна опција, доживотен затвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателите на Франција и Бразил започнаа зелена инвестициска програма за Амазон

Едно од најсмртоносните масовни убиства

Николас Круз (24) се изјасни за виновен за убиството на 14 ученици и тројца наставници во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд, што е исто така едно од најсмртоносните масовни престрелки во училишта во историјата на САД.

Круз бил избркан од средното училиште Марџори Стоунман Даглас пред да го изврши масакрот.

Во своето признание за вина, тој рече дека му е „многу жал“ и побара да му се даде шанса да им помогне на другите.