Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Бахмутско во ДНР

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Бахмутско во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР), соопшти денеска штабот на Територијалната одбрана на ДНР.

Loading...

„Од 9 јануари 2023 година Бахмутско е под контрола на руските сили во Доњецката Народна Република“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Населбата Бахмутско се наоѓа јужно од Соледар, во близина на градот Артјомовск, кој во Украина се нарекува Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија ги одбива руските напади во градот Бахмут во источниот дел на регионот Донбас и ги држи своите позиции во блискиот град Соледар, но во „многу тешки услови“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3