Руски новинар: Подобро е Кремљ да молчи отколку да ги обвинува војниците

Сподели со своите пријатели

Истакнат руски воен известувач синоќа ја доведе во прашање легитимноста на тврдењата на Министерството за одбрана на Москва.

Loading...

Министерството за одбрана соопшти дека во украинскиот напад на привремената касарна во окупираната Макиивка загинале 89 војници и дека нападот се случил затоа што војниците не ја послушале наредбата за користење мобилни телефони.

Кремљ тврди дека користењето на телефонот „му овозможило на непријателот да ги следи и одреди координатите на локацијата на војниците за ракетен напад“.

Сепак, Семјон Пегов, новинар кој беше одликуван со Орден за храброст од Путин на крајот на 2022 година, рече дека тврдењето дека нападот се случил поради употреба на мобилен телефон „не е многу убедливо“.

„Списокот на исчезнатите е значително подолг“

„Ретко го кажувам ова, но ова е случај кога веројатно би било подобро да се молчи, барем до крајот на истрагата. Ова изгледа како директен обид да се префрли вината“, рече тој.

Пегов предупреди и дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Да потсетиме, украинските власти објавија дека во нападот всушност биле убиени околу 400 руски војници.

„Објавените податоци најверојатно се однесуваат на оние кои веднаш биле идентификувани. Списокот на исчезнатите е, за жал, значително подолг. Изворите не можам да ги откријам, но ги сметам за сигурни“, рече Пегов, пренесува Sky News.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...