Руски новинар осуден во отсуство на осум години затвор

Сподели со своите пријатели

Истакнатиот руски новинар Александар Невзоров во средата беше осуден во отсуство на осум години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за ширење „лажни вести“ за руската војска.

Loading...

Инспекторите отворија случај против Невзоров минатата година поради објави на социјалните мрежи во кои тој ги обвини руските вооружени сили за намерно гранатирање на породилиште во украинскиот град Мариупол, за кои Москва рече дека се лажни вести.

Судот во соопштението наведе дека казната ќе ја отслужи во колонија доколку некогаш се врати во Русија, а четири години му е забрането да управува со интернет содржини.

Тој ја нарече инвазијата „злосторство“, а Украина „жртва“

Невзоров, кој води канал на Јутјуб со близу два милиони претплатници, истрагата против него ја нарече смешна и ја напушти земјата со сопругата во март минатата година, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Украина му даде државјанство во јуни, откако тој јавно ја осуди руската инвазија, нарекувајќи ја војната „злосторство“, а Украина своја жртва.

Осум дена по почетокот на инвазијата на Украина, на крајот на февруари минатата година, Русија донесе закон со кој се предвидуваат затворски казни до 15 години за осудените за намерно ширење „лажни“ вести за руската армија.

Русија оттогаш го блокираше пристапот до информативните сајтови кои објавуваат содржина што не е во согласност со официјалниот став на Москва за конфликтот, додека десетици руски и меѓународни новински куќи ја напуштија земјата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...