Руски генерал не е виден од саботата. CNN: Тој беше таен член на Вагнер

Сподели со своите пријатели

Според документите до кои дојде Си-Ен-Ен, рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната платеничка група Вагнер и имал личен матичен број со Вагнер.

Loading...

Да потсетиме, Суровикин не е виден во јавноста од саботата, а не се знае ни каде е сега.

Новинските агенции јавуваат дека тој завршил во притвор.

Вчера Кремљ одби да одговори на новинарски прашања за тоа што се случило со генералот.

Кога новинарите го прашаа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дали може да ја разјасни ситуацијата со Суровикин, тој рече:

„Не, за жал не. Ви препорачувам да го контактирате Министерството за одбрана, тоа е нивниот домен“.

Суровикин е одликуван командант на руските воздухопловни сили и го доби прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата немилосрдна тактика на бомбардирање градови во Сирија.

На крајот на минатата година беше назначен за командант на руските сили во Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.