Русите синоќа погодиле облакодер во Миколаев, двајца загинати

Сподели со своите пријатели

Украинските власти утринава известуваат за руски напад врз облакодер во градот Миколаев во јужна Украина.

Loading...

Градоначалникот на Миколаев, Александар Сенкевич, објави дека руските сили гранатирале станбена зона, при што загинале две лица, а други се ранети.

„Го гледаме уништувањето од првиот до петтиот кат. Засега имаме двајца загинати и двајца повредени. Итната помош продолжува со акцијата за пребарување и спасување“, изјави Сенкевич.

Украина, да потсетиме, вчера објави дека нејзините вооружени сили го ослободиле целиот регион на Миколаев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто НАТО не го брани небото над Украина како што го бранеше на Израел?