Русија загуби 89 војници во Макиивка

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека 89 нејзини војници загинале во украинскиот напад на Макиивка за време на викендот и дека главната причина за нападот е тоа што војниците неовластено ги користеле своите мобилни телефони, пренесува Ројтерс.

Loading...

– Сега е очигледно дека главната причина за тоа што се случи е вклучувањето и масовното користење, и покрај експлицитната забрана, на мобилни телефони на воен персонал во опсегот на непријателско оружје – се вели во соопштението на министерството.

Удриле во училишната зграда

Сигналите на мобилните телефони ѝ овозможиле на украинската армија да ја одреди локацијата на голема концентрација на руски војници во градот Макиевка во источна Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

– Тој фактор му овозможи на непријателот да ги следи и да ги одреди координатите на локацијата на војниците за ракетниот напад – соопшти руското Министерство.

Даниил Безсонов, висок проруски функционер во делови од регионот Доњецк, под управа на Москва, изјави претходно дека ракетите HIMARS од американско производство погодиле училишна зграда во Макиивка околу полноќ додека жителите на покраината го прославувале почетокот на новата година.

Зградата била погодена со четири ракети

Русија во понеделникот објави дека во нападот загинале 63 руски војници. Руското Министерство соопшти дека зградата била погодена со четири проектили од американски лансери ХИМАРС, додавајќи дека „подовите на зградата се срушиле од детонацијата на боеви глави на ракетите ХИМАРС“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

На снимката објавена на интернет се гледа зграда во која биле стационирани руски војници, срамнета со земја, а наводно станува збор за стручно училиште во Макиивка, соседен град на регионалниот центар на Доњецк.

Украинската страна претходно тврдеше дека биле убиени до 400 Руси.

Loading...

Руското Министерство додаде дека околностите за нападот ги истражува специјално формиран тим од луѓе.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.