Руските сили ја уништиле хаубицата М777 од американско производство, со која украинската армија наводно отворила оган врз најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.
Констатирано е дека хаубицата е уништена во Марганец, пренесува Ројтерс.
Во март, руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје, која беше на линијата на фронтот и често беше под оган.
Украина и Русија разменуваат обвинувања за отворање оган врз Запорожје.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.