Русија тврди дека разбила исламистичка терористичка ќелија

Сподели со своите пријатели

Врвниот функционер на Крим тврди дека руската безбедносна служба ФСБ разбила, како што рече, шестчлена терористичка ќелија на забранета исламистичка група.

Loading...

Информациите доаѓаат еден ден откако серијата напади на Крим го уништија клучниот железнички центар што се користеше за снабдување на руските војници и како воена воздушна база.

„Сите беа приведени. Терористичките активности биле координирани, како што се очекуваше, од територијата на терористичката држава Украина“, рече Сергеј Аксјонов на Телеграм.

Тој тврди дека уапсените биле членови на исламистичката група Хизб ут-Тахрир, која е забранета во Русија.

Русија претходно соопшти дека нападите ги извршиле саботери.

Украина не ја презеде одговорноста за нападите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.