Амбасадорот на Молдавија во Русија, Лилијан Дари, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде што му била врачена нота со која вработен во молдавската амбасада е прогласена за персона нон грата како одговор на претходното протерување на вработен во руската амбасада во Кишињев.
Оваа мерка е одговор на, како што се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, „апсолутно неоснованата одлука на молдавската страна од 1 ноември да прогласи за непожелно лице вработено во руската амбасада во Молдавија“, пренесува ТАСС.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека одлуката за протерување на вработената во руската дипломатска мисија во Кишињев е „уште една потврда за сегашниот курс на Молдавија за прекин на билатералната соработка“.