Русија го претстави планот за изградба на единаесет нови големи и мали нуклеарни централи за производство на електрична енергија до 2042 година, покрај постојните, како и оние во изградба.
Нацрт-дијаграмот на идните капацитети за производство на електрична енергија беше претставен и ставен на јавна расправа, јави ТАСС.
Во прилогот на тој документ се наведува дека ќе се градат нови нуклеарни централи во Ростов, Свердловск, Чељабинск, Томск, Приморски, Краснојарск и Хабаровск, како и во Чукотка и Јакутија.
Според нацртот, инсталираната моќност на сите руски нуклеарни централи треба да достигне 34.576 мегавати, што ќе сочинува 12,3 отсто од вкупната инсталирана моќност на електраните во земјата.
Инсталираната моќност на ветерните и соларните електрани до крајот на 2042 година треба да достигне 7,6 отсто од вкупната инсталирана моќност во земјата од 22.658 мегавати.