Во руски воздушен напад рано утринава е оштетена инфраструктурата на пристаништето во градот Измаил во украинската област Одеса, соопштија украинските власти, додека Русите изјавија дека собориле четири дронови лансирани од Украина во правец кон Москва.
Измаил се наоѓа во јужниот дел на украинскиот регион Одеса и е дом на најголемото украинско пристаниште на Дунав, кое е стратешка локација која често е мета.
„Оштетена е пристанишната инфраструктура во градот Измаил“, соопштија локалните власти преку Телеграм, додавајќи дека во воздушниот напад е уништено речиси целото оружје и дека нема жртви или значителна штета, пренесува Ројтерс.
На друго место во Украина, две лица се спасени, а едно останува заробено под урнатините по нападот со руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов преку Телеграма.
Русите со беспилотни летала ги нападнаа регионите Дњепропетровск, Миколаев и Запорожје, соопштија локалните власти.
Од друга страна, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм напиша дека се соборени четири дронови кои се движеле кон главниот град и дека се распоредени службите за итни случаи. Тој не даде други детали.
Нападот уследи по тешкиот напад со украинско беспилотно летало врз Москва за време на викендот, по што Русија ги гаѓаше украинските градови Одеса и Днипро со проектили и беспилотни летала, при што беа оштетени станбени згради и беа повредени десетици луѓе.
Во руската област Курск, која се граничи со Украина, една жена загина, а две лица се повредени како последица на украински напад во понеделникот вечерта, објави оперативниот центар Курск преку Телеграма.
Јужниот руски регион Ростов и Јарослав североисточно од Москва исто така беа под напади со беспилотни летала, како и неколку други области во централна Русија, објавија регионалните власти преку Телеграма.
Во Јарослав, каде Русија има нафтена инфраструктура, „индустриски објект“ беше оштетен по напад со дрон и службите за итни случаи работат на гаснење на пожарот, изјави гувернерот Михаил Евраев.
Украина се обидува да ги негира приходите на Русија од енергетските производи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа на мрежата Х напиша дека во последните неколку месеци капацитетот на Русија за преработка на нафта е намален за 10 отсто и дека изворите на нафта се затворени.
„Путин, се разбира, направи воени резерви, но секако не доволно за да се бори на неодредено време“, напиша Зеленски.

