Русија ја одложи мисијата на Месечината

Сподели со своите пријатели

Првата руска мисија на Месечината е одложена за следната година, изјави денеска во Владивосток генералниот директор на „Роскосмос“ Јуриј Борисов.

Loading...

Тој на маргините на Источноевропскиот економски форум рече дека лансирањето на 25-та мисија на Месечината и првата руска мисија за жал е одложено за 2023 година, пренесува ТАСС.

Русија и Кина во март годинава објавија дека потпишале меморандум за заедничка изградба на станица „на површината или во орбитата на Месечината“, но не беше наведен рок, ниту колку ќе чини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некој од украинската влада го одобрил убиството на Дарија Дугина