Русија: 200 украински националисти убиени во Краматорск

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека околу 200 украински националисти и 30 тони артилериска муниција биле уништени во напад на руските сили врз упоришта и магацини на украинската армија во областа Краматорск.

Loading...

Покрај тоа, руската армија ги уништи објектите за склопување на украинските ракети „Гром-2“ и „Точка-У“ во областа Дњепропетровск.

Според соопштението, МиГ-29 и Су-25 биле соборени на територијата на ДНР и во областа Николаев, пренесе Спутник.

Исто така, руските сили ги поразија единиците и бригадите на украинската армија во Миколаев, ДНР и Херсонската област.

Руската авијација уништи мобилна група на украинскиот центар за собирање разузнавачки информации во областа Николаев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена е уапсена на Крим под сомнение дека подготвувала терористички напад

Во областа околу Николаев, руските сили уништија батерија од американски системи Химарс.

Министерството објави дека Украина повторно ги таргетирала објектите за домување на Енергодар и областа на нуклеарната централа Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...