Руси: Заврши нападот на Украина со дронови на Крим

Сподели со своите пријатели

Прорускиот гувернер на Крим, украинскиот полуостров кој Русија го окупираше и потоа го анектираше во 2014 година, објави дека „нападот на Севастопол е завршен“.

Loading...

Во објава на својот канал Телеграм, Михаил Развозаев, кој Москва го назначи на функцијата гувернер на Крим, рече дека силите за воздушна одбрана собориле „10 од 10“ беспилотни летала над морето.

Тој ги негираше информациите во украинските медиуми дека се слушнале експлозии над кримското пристаниште Севастопол.

„Ниту една зграда во градот или на морето не е оштетена. Се е мирно во градот“, најави Развозајев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.