Рубио: Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е кревок

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас е кревок, бидејќи тоа е терористичка организација која киднапирала, убила, силувала и уништувала невини.

Loading...

„Значи, овде немате работа со земја која постапува според законите за војна или какви било закони. Значи, тоа е многу кревок прекин на огнот. Ќе видиме што ќе се случи во сабота“, изјави Рубио за News Nation, соопшти Стејт департментот.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп бил многу јасен дека сака да ги види заложниците ослободени.

Тој изрази надеж дека тоа ќе се реши

„Мислам дека никој не сака конфликтот да продолжи. Но, од друга страна, не можеме да дозволиме Хамас да одлучи кои делови од договорот ќе ги исполни, а кои не“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скандал во Австралија. Медицинска сестра и техничар се фалат дека би убивале израелски пациенти

На прашањето дали верува во нивното тврдење дека Израел не ја дозволил хуманитарната помош за која е договорена, Рубио рече дека верува оти на ништо што рече Хамас не може да му се верува.

„Очигледно, поентата овде е, да, мислам дека предизвикот овде е што Хамас, знаеме, продолжува да користи мрежи за шверц на оружје и помош за себе со цел повторно да се воспостави. Израел не може да дозволи тоа да се случи“, нагласи Рубио.

Како што истакна, Хамас постои со многу јасна цел – уништување на еврејската држава.

Рубио изрази надеж дека пречката ќе биде надмината во следните 72 часа.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се заканува дека ќе го „отвори пеколот“ во Газа

„Знам дека многу земји во регионот носат одлуки и се надеваме дека ќе имаме добар исход во сабота, а ако не, мислам дека Хамас ќе биде виновен“, рече тој.

Трамп изјави дека доколку до сабота напладне не бидат вратени сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа, тој ќе предложи да се прекине примирјето меѓу Израел и Хамас и да се остават „портите на пеколот да се отворат“.

Зборувајќи со новинарите додека потпишуваше серија извршни наредби во Белата куќа, Трамп рече дека одлуката за продолжување на прекинот на огнот на крајот ќе зависи од Израел.

Но, тој предупреди дека ќе „избие пекол“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина: Газа им припаѓа на Палестинците